Аталанта на делба на врвот во Серија А, првпат во историјата има 20 бода по осум кола

Со победата од 1-0 против Фиорентина, Аталанта го стигна Наполи и овие два тима се водечки на табелата во италијанската Серија А.

Адемола Лукман беше стрелец на голот, кој на бергамаските им донесе три бода и клупски рекорд од 20 бода по осум одигра кола. Божицата никогаш порано немала толку многу бодови по осум рунди.

Аталанта, за разлика од претходните сезони кога даваше, но и примаше многу голови, овојпат со поинаква тактика собира бодови и реди добри резултати. Гол-разликата им е 12-3, ја имаат најдобрата одбрана во Италија и во последните две кола победуваат со по 1-0.

- Оглас -

Најнови вести