Аталанта одби 50 милиони евра од Манчестер јунајтед за Едерсон

Актуелниот победник во Лигата на Европа, тимот на Аталанта, ја одби понудата на Манчестер јунајтед од 50.000.000 евра за бразилскиот фудбалер од средниот ред, Едерсон.

Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Аталанта му соопштиле на раководството на англискиот клуб дека не сакаат да го продадат Едерсон бидејќи сезоната во Серија А веќе започна.

Едерсон (25) пристигна во Аталанта пред две години од Салернитана за 23 милиони евра и со клубот од Бергамо има договор до 30 јуни 2027 година.

Минатата сезона Едерсон одигра 53 натпревари за Аталанта и постигна седум гола, а со клубот ја освои Лигата на Европа и беше многу важен дел од тој поход.

Едерсон има и два настапи за репрезентацијата на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести