Аталанта се „разбуди“ – Запата тргна по стапките на Имобиле (ФОТО)

По три порази едноподруго, Аталанта се врати на победите во Серија А откако со 3:1 беше подобра од Венеција во еден од двата први натпревари од 34-то коло.

Гостите од Бергамо, со головите на Марио Пашалиќ (44′), Дуван Запата (47′) и Луис Муриел (62′) остварија убедлива победа и со мали шанси влегуваат во бобрата за пласман во некое од европските натпреварувања.

Почесен гол за домаќините постигна Домен Црнигој во 80-та минута.

Голот на Запата е десетти за овој играч сезонава во Серија А, и со тоа тргна по стапките на Чиро Имобиле и шест сезони по ред постигнува најмалку десет погодоци.

Аталанта стигна до 54-от бод сезонава и во моментов е седмопласирана, додека Лацио и Фиорентина се со 56 бода, додека Рома има 58.

Во вториот меч од 15 часот се соочија екипите на Торино и Специја, каде што домаќините славеа со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести