Аталанта со поддршка за Иличиќ, тој се јави на Инстаграм со селфи со жена му

Приватните проблеми се причина поради која Јосип Иличиќ го напушти Бергамо и замина дома во Словенија, од клубот потврдија дека тој е во депресија и психички дека не е подготвен да игра периодов, па почнаа шпекулации дека жена му го изневерила. Имаше и пишувања дека причина за состојбата е гледањето како низ Бергамо се носат мртви тела (луѓе починати од коронавирус) во камиони.

Иличиќ молчеше претходните денови, но набрзо објави една фотографија на која е заедно со жена му Тина, и на тој начин сакаше да негира дека неверство е причината за проблемите.

Екипата на Аталанта синоќа по потврдата на третото место во Серија А и вториот пласман по ред во Лигата на шампионите, направи заедничка фотографија, со дресот на Иличиќ на средина.

Јосип е заблагодари и им одговори со само еден збор: „Големи“.

Иличиќ нема играно од 11-ти јули против Јувентус, а три дена подоцна против Бреша беше најавен во составот, но не беше ниту на клупата. Најавите се дека тој нема да настапи на 12-ти август во четвртфиналето на ЛШ против ПСЖ, но, којзнае, можеби ќе излезе од „тунелот“.

- Оглас -

Најнови вести