Аталанта сруши рекорд стар речиси 70 години во Серија А

Аталанта синоќа ја прекина низата од 12 победи по ред, откако одигра само 2:2 на гостувањето во Торино кај Јувентус. Како ретко кога, италијанскиот првак делуваше немоќно на свој терен, на два пати беше во негатива, но на крајот благодарение на пеналите на Кристијано Роналдо стигна до реми.

Иако не победи, Аталанта постави рекорд кој не е виден 68 години во Серија А. За прв пат по речиси седум децении, еден тим во италијанската елитна лига може да се пофали дека има тројца играчи кои постигнале 15 или повеќе голови. Словенецот Јосип Иличиќ и колумбискиот голгетер Дуван Запата постигнаа по 15 голови, а прв стрелец е Луис Муриел со 17 погодоци.

Последна екипа која во своите редови имала тројца играчи со по 15+ голови во едно првенство е Јувентус од сезоната 1951/52. Тогаш незапирливо било напаѓачкото трио Ермес Муцинели, Џампјетро Бониперти и Џон Хансен. Кога се работи за петте најсилни лиги во Европа, последен тим со вакво постигнување е Пари Сен Жермен од сезоната 2018/19 кога по 15+ голови постигнаа Нејмар, Единсон Кавани и Килијан Мбапе.

 

- Оглас -

Најнови вести