Фудбалската репрезентација на Македонија во второто полувреме тргна офанзивно против Аѕурите во Рим и таквиот пристап веднаш вроди со плод.
По лошото прво полувреме во кое Аѕурите постигнаа три гола, Македонија на стартот од вториот дел, успеа да ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума и намали на 3:1.
Стрелец на голот за Македонија во 52-та минута беше Јани Атанасов на асистенција на Езгјан Алиоски.