Атанасов ќе го води МЗТ Скопје и во новата сезона

Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, и официјално потврди дека младиот Васко Атанасов и следната сезона ќе биде тренер на клубот од Аеродром. Дваесет и деветгодишниот тренер кон крајот на минатата сезона седна на клупата на МЗТ Скопје и дојде до шампионската титула откако претходно од клубот си замина Драган Николиќ.

Очигледно дека раководството на клубот е задоволно од работата за младиот тренер и тој ја добива довербата да го води МЗТ Скопје на три фронта следната сезона. Целта е јасна: освојување на двојната круна во домашната кошарка, но и враќање во најквалитетното јадранско друштво преку настапите во АБА-2 лигата.

Стручниот штаб на Атанасов ќе биде засилен со Никола Велев, кој по две години се враќа од ТФТ во МЗТ Скопје.

- Оглас -

Најнови вести