Атанасов велемајсторски го „тресе“ Динамо среде „Максимир“ (видео)

Македонскиот интернационалец Јани Атанасов, со фантастичен погодок го разгоре дербито меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит, погодувајќи за 1-0 го корист на гостите и шок на „Максимир“.

Хрватскиот шампион на паузата замина со негатива од еден гол, а за тоа е „виновен“ нашиот 22-годишен играч за врскa. Атанасов го испрати неодбралнив проектил по голот на Ливаковиќ од околу 25 метри, откако претходно Ливаја искусно се избори да ја сочува топката и да му асистира на Македонецот.

Мајсторијата на Атанасов можете да ја видите ТУКА.

Екипата на Адеми и Ристовски ќе мора многу подобро во второто полувреме за да избегне срам против лутиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести