Атлетик Билбао неверојатни 66 години немал ваков резултат

Атлетик Билбао убедливо со 4:1 славеше на гостувањето кај Елче во меч на кој гостите уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот. Гостите започнаа офанзивно и по само 22 минути водеа со 3:0, а до крајот на првиот дел погоди и Беренгур во 44 минута за убедливо водство во 4:0.

Токму последниот гол на Атлетик Билбао беше историски. Баскиците неверојатни 66 години немаа постигнато четири погодоци на гостински терен во прво полувреме во првенството, а тоа се случи денеска. Претходно тоа последен пат на гости го имаа направено против Реал Сосиедад во октомври 1956 година кога победија со 4:3, а сите четири гола ги дадоа во првиот дел.

Последен пат четири гола во првите 45 минути Атлетик Билбао даде на свој терен и тоа во 1996 година против Логроњес во победата од 6:0 на „Сан Мамеш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести