Атлетико и Севилја ќе играат на минусна температура, Реал и Барса чекаат икс или двојка

Атлетико Мадрид вечерва ја пречекува Севилја во дербито на шпанската Примера и со победа ќе се одлепи на четири бода пред Реал Мадрид со два меча помалку од градскиот ривал. Затоа Кралевите, но и Барселона  која исто така се надева на титула, вечерва ќе навиваат за Севилја, поточно за кикс на Атлетико. Ако Јорганџиите победат, ќе покажат дека се психички стабилен тим способен да освои титула во сезона во која Реал и Барса имаат свои големи проблеми од различен вид.

Минатиот пат кога Севилја гостуваше на „Ванда Метрополитано“, тоа беше на 7 март 2020, последниот натпревар во Шпанија на кој имаше публика. Дуелот заврши 2-2 со спектакуларно прво полувреме.

Овојпат натпреварот ќе се игра пред празни трибини и на многу студено време. Теренот нема да биде покриен со снег, Атлетико има модерна опрема за топење на снегот и против замрзнување на теренот, но се очекува вечерва кога ќе почне мечот, температурата на воздухот во Мадрид да биде минус 1 степен. Шпанците, особено оние коишто живеат во јужниот дел каде што е Севилја, не се навикнати на ваков студ.

Јавноста очекува голови од Луис Суарес и Ел Несири, кои се први стрелци на своите тимови, но можни се изненадувања. На пример, плејмејкерот Коке има дадено 7 гола против Севилја, а против ниту еден друг ривал не дал повеќе од три.

- Оглас -

Најнови вести