Атлетико ја нападна Барселона: „Се однесуваат како мал клуб во односот со Хулијан Алварес“

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес, наводно побарал од клубот да му дозволи трансфер, а неговата најпосакувана дестинација е Барселона.

Аргентинската новинарка Вероника Брунати открива дека каталонскиот гигант веќе испратил официјална понуда вредна 110 милиони евра, а раководството на Атлетико било подготвено да ја разгледа можноста за продажба доколку бидат исполнети одредени услови.

Сепак, шпанските медиуми „АС“ и „Марка“ објавија поинакви информации, повикувајќи се на извори од клубот од Мадрид. Според нив, Атлетико не добил никаква понуда од Барселона, ниту пак имало разговори меѓу двата клуба околу евентуален трансфер на напаѓачот.

Од „Метрополитано“ дури и остро реагирале на шпекулациите што со месеци кружат во јавноста.

„Доста ни е од лаги, полуинформации и измислени приказни. Сето ова изгледа како однапред подготвена кампања. Барселона се однесува како мал клуб во целата ситуација со Хулијан“, наводно порачале извори блиски до Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести