Своевремено беше меѓу најплатените светски фудбалери, но денес како пензионер заработува повеќе

Рио Фердинанд изгради вистинска бизнис империја по повлекувањето од фудбалот, спорт во кој беше меѓу најплатените играчи во светот. Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед откри дека денес заработува повеќе отколку во најдобрите денови од кариерата, успешно трансформирајќи се од фудбалска икона во успешен бизнисмен.

Фердинанд, кој како еден од најплатените фудбалери заработувал шест до седум милиони евра годишно, потврди дека денес неговите приходи се речиси двојно поголеми. Поранешниот играч на Вест хем, Борнмут, Лидс, Манчестер јунајтед и КПР откри дека сега заработува повеќе од 138.000 евра неделно, колку што примал во најуспешниот период во дресот на „црвените ѓаволи“.

47-годишниот Фердинанд гостуваше во подкастот „The Long Play“ на Џордан Маколи, каде што „најважните спортски личности откриваат како ги изградиле своите империи“. На прашањето во која година заработил најмногу пари, поранешниот дефанзивец одговори:

„Веројатно во последните неколку години.“

Рио Фердинанд признава дека имал подеми и падови во Манчестер Јунајтед, екипа со која под водство на Алекс Фергусон освои шест титули во Премиер лигата.

Богатството го стекнал преку приходи од фудбалот, работа како телевизиски и интернет аналитичар, спонзорства и инвестиции. Тој е косопственик на агенцијата за спортски менаџмент „New Era Global Sports Management“, но и партнер во компанија која гради и продава луксузни недвижности, како и сопственик на „Football Escapes“ — компанија што организира луксузни семејни патувања комбинирани со фудбалски кампови за деца.

- Оглас -

Најнови вести