Фудбалскиот сојуз на Шпанија не дозволува Модриќ да му биде помошник на Мурињо

Шпанска фудбалска федерација би можела да го спречи Лука Модриќ да стане помошник на Жозе Мурињо, кој според најавите е многу блиску до преземање на клупата на Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, навивачите нема да можат да го видат Модриќ покрај Мурињо бидејќи хрватскиот ветеран во моментов нема соодветна тренерска лиценца.

Договорот на Модриќ со Милан истекува на 30 јуни. Иако постои можност за продолжување на соработката на уште една сезона, во последните денови сè погласни се шпекулациите дека по Светско првенство би можел да стави крај на играчката кариера.

Поради тоа се појавија и информации дека би можел да преземе некоја функција во спортскиот сектор на Милан, но засега постојат одредени пречки.

Иако Модриќ би можел да се врати во Мадрид и да добие друга улога во клубот, опцијата да биде асистент на Мурињо во моментов не е возможна поради правилата на Шпанската фудбалска федерација.

Модриќ, кој има статус на легенда на Реал Мадрид, добро знае дека вратите на „Сантијаго Бернабеу“ секогаш му се отворени. Тој остави огромна трага во клубот и ужива голема почит кај навивачите.

Претседателот Флорентино Перес има огромно почитување кон него, а се очекува дека би сакал повторно да го види во клубот, каде што Модриќ е рекордер по број на освоени трофеи со 28.

Хрватскиот ас сè уште не се огласил официјално за својата иднина, но се очекува наскоро да донесе конечна одлука.

- Оглас -

Најнови вести