Атлетико Мадрид во драматичен финиш ја загуби голеадата против ѕвездите на првенството на Јужна Кореја (Видео)

Екипата на Атлетико Мадрид го загуби првиот пријателски натпревар на турнејата во Азија од ѕвездите на К-лигата, првенството на Јужна Кореја. Членот на Ла Лига до самиот финиш имаше водство од 2-1, но лудиот финиш им припадна на Корејците, кои дојдоа до победа од 3-2.

Томас Лемар во 13-тата минута го донесе Атлетико Мадрид до очекувано водство од 1-0 и тоа беше единствениот погодок во првиот дел.

Серијата погодоци во второто полувреме ја започна Антон Кривотсјук во 50-тата минута, кога израмни на 1-1. Атлетико се врати во водство преку Карлос Мартин во 85-тата минута, а домашните фудбалери направија комплетен пресврт преку Палочевиќ и Сун-мин во судиското надополнување на мечот.

Екипата на Атлетико Мадрид во Јужна Кореја ќе игра и против Манчестер сити, и тоа во недела, а потоа со контролните дуели ќе продолжи во Мексико.

- Оглас -

Најнови вести