Седлоски знае како се победува Ирска, пред 29 години одигра 90 минути во триумфот на Македонија (Видео)

Единствената победа на Македонија над Ирска се случи на втори април 1997 година во Скопје, кога нашите фудбалери победија со 3-2, а дел од таа селекција беше и сегашниот селектор Гоце Седлоски.

Македонија На „Градскиот стадион“ во Скопје победи со двата гола од пенал на Митко Стојковски и еден на Ѓорѓи Христов, а мечот ќе остане запаметен по прославата на победничкиот гол на нашиот напаѓач, но и по бруталниот старт на Мекатер над Шаќири.

Гоце Седлоски на овој меч ги одигра сите 90 минути, па нашиот селектор добро знае како се победува Ирска.

Македонија и Ирска вечерва ќе одиграат пријателски меч во Даблин, седми меѓусебен дуел на овие две селекции во историјата.

- Оглас -

Најнови вести