Атлетико не му дозволи на Мората да се врати во Јуве ниту за 50 милиони евра

Атлетико Мадрид ја одби понудата за Алваро Мората од Јувентус тешка 50 милиони евра. Јорганџиите не му дозволуваат на шпанскиот напаѓач да се врати во Торино со оглед дека летово го исплатија неговиот трансфер од Челзи за вкупна сума од 63 милиони евра (7 милиони евра позајмица и 56 милиони евра откуп на договорот).

Бјанконерите трпат нови потешкотии во потрагата по центарфор во пресрет на новата сезона откако им пропадна обидот за ангажман на Едни Џеко од Рома, додека Луис Суарес наводно нема да ја напушти Барселона и да заигра во Серија А.

Пирло има голема желба повторно да соработува со Мората, откако ја делеа соблекувалната во сезоната 2014/15, кога заедно стигнаа до финалето во Лигата на шампионите. Шпанските медиуми во меѓувреме тврдат дека Мората е фрустриран од блокадата за враќање во Јуве, дури му соопштил на тренерот Симеоне дека сака да го напушти Мадрид.

Клаузулата на Мората е 150 милиони евра, по што таборот на Јувентус доби одговор да ја активира или да заборави на ексиграчот на Челзи и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести