Неколку гиганти мора да бркаат победи, Баерн веќе нема зошто да игра ама сигурно ќе има многу голови

1005 Манчестер сити – Брентфорд (18:30 ч.)

По киксот на гости кај Евертон, јасно е дека Сити веќе не смее никако да дозволи да губи бодови, посебно на свој терен. Интересно е дека Брентфорд теоретски уште има шанси да се бори за позиција која може да ги одведе до Лига на шампиони за следна сезона, но тешко дека може да очекува бодови кај Граѓаните.

Традицијата вели дека Сити има пет победи и едно реми на последните шест меча меѓу овие два тима, па и сега се очекува да биде слично на крајот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.45)

 

3004 Лече – Јувентус (20:45 ч.)

Многу значаен меч за двата тима. Лече е на последното место кое носи опстанок, но уште не е сигурно спасен, додека Јувентус е на четвртото место последно кое води во Лига на шампиони за следна сезона, но веднаш зад нив се РОма и Комо.

Јувентус има седум победи и четири реми во последните 11 дуели против Лече, а седумпати во тие пресметки немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.25)

 

1806 Волфсбург – Баерн Минхен (18:30 ч.)

Волфсбург го чека пеколен финиш и моментално е на 16 место, кое може да ги спаси од испаѓање. Со дури 67 примени голови, Волфсбург ја има налошата одбрана во лигата, но има и солиден напад со дадени дури 42 погодоци.

За Баерн Минхен ова е прв меч по нокаутот во Лигата на шампиони, односно неуспехот да се пласира во финалето. Баварците имаат неверојатен напад со 116 погодоци во 32 меча. Традицијата цели дека четири од последните шест меча на овие два тима завриле со пет или повеќе погодоци, а Баерн има 21 победи и две реми во последните 23 пресметки со Волфсбург.

Предлог тип: 2+I & 4+ (2.10)

 

1305 Реал Сосиедад – Бетис (21 ч.)

Реал Сосиедад си ја заврши работата за оваа сезона со освојување на Купот на Шпанија, додека Бетис допрва има мотив да се бори да го задржи петото место на табелата кое води во Лига на шампиони за следната сезона.

Неверојатен е фактот дека на 10 од последните 11 меѓусебни дуели завршувале со НГ (еден од двата тима да не постигне гол). Тоа може да е најава за дуел со малку погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.98)

 

1659 Бриж – Сент Труиден (20:45 ч.)

Бриж е лидер во Белгија благодарение на то што Сент Труиден во претходното коло го победи Ројал Унион. Сега токму Сент Труиден е ривалот на белгискиот гигант кој сака да остане на првото место на табелата.

Традицијата вели дека на седум од последните девет меѓусебни дуели двата тима постигнувале барем по еден погодок, додека на пет од последните шест средби имало најмалку три погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести