Флорентино Перес ги прифатил сите девет барања на Мурињо

Бурна недела за Реал Мадрид. Освен шпекулациите за тоа кој би бил нов тренер, главна тема на „Сантијаго Бернабеу“ беше и тепачката меѓу Валверде и Чуамени. Реал и официјално ги казни двајцата фудбалери со неверојатна казна од по 500.000 евра и тука треба да заврши приказната за овој скандал.

Сега, останува отворена дебатата за тоа кој ќе го наследи тренерот Алваро Арбелоа на крајот од сезоната. Нема дилеми дека Арбелоа нема да остане на клупата на Реал, а неколку имиња се како можни негови наследници. Сепак, најмногу внимание се посветува на тоа дека Жозе Мурињо може да се врати во Реал Мадрид. Пред речиси една и пол деценија, Мурињо го предводеше Реал, а сега тој е на чело на португалска Бенфика.

Неколку светски медиуми најавуваат дека Реал ја започнал мисијата да го откупи договорот на Мурињо од Бенфика. Најавите се дека шпанскиот гигант треба да плати три милиони евра за да го „ослободи“ Специјалниот од Бенфика и да може да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Претседателот на Реал, Флорентино Перес дури се сложил со сите девет поставени барања на Мурињо, како услов да се врати во Кралскиот клуб. Кои се барањата на Мурињо може да прочитате ТУКА.  Договорот на Мурињо со Реал се очекува да биде потпишан до јуни 2028 година.

Освен Мурињо, меѓу кандидатите за нов тренер на Реал се споменуваат Маурисио Покетино кој е актуелен селектор на САД, екс тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потоа Масимилијано Алегри и Дидие Дешан. Сепак, главиот фокус е ставен на Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести