Атлетико се сопна во Баскија (Видео)

Лукас Перес постигна фантастичен гол, а Алавес го изненади фаворитот Атлетико Мадрид и освои еден бод со реми 1:1 во премиерниот меч од 11-тото коло во Ла Лига.

Гостите водеа со голот на Алваро Мората, постигнат во 70-тата минута, и беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на врвот на табелата, но Перес имаше поинаков план. Постигна еврогол од далечина и му донесе еден бод на својот тим, со што ја прекина и серијата од 4 порази по ред на Алавес од Атлетико.

Во истиот термин во Серија А, Верона ја изненади Парма и победи на гости со 1:0 со голот на Лазовиќ во десеттата минута. Дејан Кулушевски го одигра целиот меч за домаќините, кои го претрпеа петтиот пораз во Калчото на десеттиот меч во новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести