Атлетико славеше, не им е грижа што ниеден Шпанец нема дадено гол за нив сезонава

Анхел Кореа со два гола му донесе победа на Атлетико Мадрид против Рајо Валјекано од 2-0. Атлетико со тоа ја прекина црната серија од четири порази по ред, најдолга нивна губитничка низа со тренерот Диего Симеоне на клупата.

Столе Димитриевски не беше на голот на Рајо, туку на клупата за резерви. Бранеше Лука Зидан, кој не успеа да ја зачува својата мрежа, па засега Атлетико изби пред Рајо на табелата.

Атлетико на свој терен има серија од осум лигашки победи по ред против Рајо. Актуелниот шпански првак е единствен тим во Ла Лига сезонава за кого сите голови ги постигнале странци. Последен шпански стрелец за Атлетико беше Љоренте во мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести