АТП му честиташе на Ѓоковиќ: Шест години на врвот (видео)

По шести пат во богатата кариера, Новак Ѓоковиќ годината ќе ја заврши на првото место на АТП листата. Со тоа, српскиот тенисер се израмни со еден од своите идоли, Пит Сампрас, кој исто така во кариерата шестпати ја завршувал годината како најдобар тенисер.

Ѓоковиќ на 33 години воедно стана најстариот број еден тенисер на крајот од година. Првиот светски рекет зад себе остави уште една успешна сезона во која го надмина Сампрас по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата, по што му се приближи на рекордерот Роџер Федерер кој во кариерата бил прв во светот цели 310 недели.

За успехот, АТП му честиташе на Ѓоковиќ со видео објавено на социјалните мрежи.

https://twitter.com/atptour/status/1324814227794587650

- Оглас -

Најнови вести