Аудицијата може да почне: Стив Брус и официјално веќе не е тренер на Њукасл!

Стив Брус и официјално веќе не е менаџер на премиерлигашот Њукасл. Катастрофалните резултати на Чавките сезонава се причина за разделбата со искусниот стручњак, кој минатиот викенд дојде до бројка од 1.000 натпревари во Премиер лигата како трнеер.

Од клубот од северот на Англија објавија дека со Брус заеднички се договориле за прекин на соработката, му се заблагодарија за направеното во клубот и му посакаа среќа, а и Брус им посака успеси.

На наредниот меч со Кристал палас, на клупата ќе седи Греем Џонс како привремено решение. Многу имиња се вртат во јавноста како можни менаџери на Њукасл, кој со новите газди од Саудиска Арабија има големи амбиции и планира да донесе звучни засилувања уште во јануари.

- Оглас -

Најнови вести