Одбојкарките и вторпат поразени од Косово со идентичен резултат

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија и вторпат загуби со идентични 3-1 од селекцијата на Косово во рамки на подготовките за настапот во Европската лига.

По синоќешниот пораз во Скопје, одбојкарките загубија и на гостувањето во Косово со 3-1, по сетови 25:21, 20:25, 25:20, 25:18.

Како и на првиот натпревар така и денеска стручниот штаб предводен од новиот селектор, Милош Гавриловиќ, комбинираше со поставата и им даде шанса на сите репрезентативки во составот. За нашите одбојкарки ова беше последна проверка на силата во подготвителниот период, а веќе во сабота, на шестти јуни го започнуваат настапот во новото издание на Европската лига со турнир во Португалија.
- Оглас -

Најнови вести