Полувреме во Будимпешта: ПСЖ доминира, но Арсенал е на 45 минути од историја (Видео)

Арсенал има водство од 1-0 по првиот дел на „Пушкаш арената“ во Будимпешта против ПСЖ во големото финале на Лигата на шампионите.

Во првите 45 минути двете екипи заедно упатија само два удари во рамки на противничкиот гол, а оној на Хаверц од шесттата минута, заврши зад грбот на Сафонов за водство на „топчиите“, додека вториот беше на Руис кој повеќе сакаше да центрира, отколку да шутира.

По примениот гол ПСЖ притисна, има посед на топката од близу 80%, но тешко успеваат да го загрозат голот на Раја.

Второто полувреме, а можеби и продолженијата и пеналите, ќе го дадат одговорот на прашањето дали ПСЖ ќе го одбрани трофејот или Арсенал за првпат во својата историја ќе ја освои Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести