Авион во кој биле фудбалери на шведски тим, морал принудно да слета поради 30 топки

Авионот со кој летале фудбалерите на ИФК Гетеборг мораше принудно да слета, и тоа само 30 минути откако полетал. Според шведскиот медиум Aftonbladet, причина за принудното слетување се фудбалските топки кои во авионот биле внесени напумпани.

„На летот имаше 30 напумпани топки и затоа моравме да се вратиме назад во Копенхаген. Постоеше опасност од нивна експлозија. Откако слетавме, топките беа издишени. Беа потребни 30-тина минути. Се извинуваме за ова“, објавил капетанот на авионот кој морал принудно да слета.

Од фудбалскиот клуб биле збунети од реакцијата на авиокомпанијата.

„Патуваме како и секогаш што патуваме и не знам зошто беше таа реакција од авиокомпанијата. И тие се одговорни за тоа што се товари во авионот“, вели менаџерот на ИФК Гетеборг, Ханес Стилер.

Фудбалерите патувале кон Шпанија, а летот на предвидената дестинација стигнал со задоцнување од неколку часа.

- Оглас -

Најнови вести