Австријците се жалат: И провокаторот Алиоски требаше да добие суспензија

Марко Арнаутовиќ, офанзивецот на Австрија и еден од стрелците против Македонија во првото коло на ЕП нема да игра против Холандија поради тоа што УЕФА го суспендира со еден натпревар за навредите упатени кон македонските фудбалери.

Откако се изрече оваа казна, стигна реакција од таборот на Австриската фудбалска федерација, која го нарече Алиоски провокатор.

„Неразбирливо е за нас како Арнаутовиќ е казнет, а провокаторот Алиоски помина без санкција. Тој беше виновен за целата ситуација, а сега успеа да се извлече без казна. Искрено се изненадивме од пријавата од страна на ФФМ, но нема да реагираме. Сакаме да се фокусираме на предизвиците кои ни следуваат“, истакна претседателот на Австриската федерација, Леополд Виндтнер.

- Оглас -

Најнови вести