Австралијка позитивна на корона играше во меч на кој освои злато

Австралиската женска крикет репрезентација освои злато на игрите Комовелт во Бирмингам, а посебно внимание привлече настапот на Талија Мекрет. Оваа репрезентативка беше тестирана позитивна на корона-вирусот непосредно пред финалето, а и самата се пожали дека имала одредени симптоми.

Сепак, на Мекрет ѝ беше дозволено да игра во финалето против Индија и на крајот да се радува на златен медал.

„Меѓународниот крикет комитет дозволи Мекрет да биде дел од финалето. Во целиот период беа почитувани сите правила од важечкиот протокол за да се намали ризикот за пренесување на вирусот врз останатите спортсистки и официјални лица“, стои во официјалното соопштение.

За време на интонирање на химните, Мекрет стоеше одвоено од екипата, но на теренот излезе без маска на лицето. Кога излегуваше од игра, таа стоеше одвоено од останатите репрезентативки.

Доколку финалето се играше во Австралија, на заразената спортистка немаше да иѝ биде дозволен настап, но во Англија протоколите се помалку строги и така се случи заразена репрезентативка да игра во финалето.

Во светот на спортот има голема дебата околу тоа дали треба уште да им се забранува на тенисери кои не се вакцинирани, а се негативни на корона-тестот да настапат на некое натпреварување. Најпознат пример за вакво нешто е Новак Ѓоковиќ, кој на почетокот на оваа година беше депортиран од Австралија затоа што не е вакциниран, а сега не му се дозволува влез ниту во САД поради истата причина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести