Австралиската пливачка Аријарне Титмус постави нов светски рекорд во трката на 200 метри слободно на државните олимписки квалификации во Бризбејн.
Титмус во финалето постигна резултат од 1:52,23 минути и го собори рекордот на сонародничката Моли О’Калаган од 1:52,85 минути од минатогодишното Светско првенство.
О’Калаган заврши на второто место на денешната трка со време од 1:52.48 минути.
„Светскиот рекорд е само бонус. Возбудливо е да го правам ова во мојот роден град, ми дава голема самодоверба пред Олимписките игри“, изјави Титмус по фантастичниот резултат.