Една од најинтересните групи со четири селекции кои имаат сосема различни стилови на игра е групата Г. Белгија е главен фаворит, а останатите три селекции си имаат свои калкулации и желби за освојување на позиции кои носат место во нокаут-фазата. Има по една селекција од Африка, Азија и Австралија и Океанија.

Белгија го има можеби последното големо натпреварување на една одлична генерација која никогаш не блесна и не постигна некој значаен резултат. Дури четворица играчи во составот имаат над 105 настапи за националниот тим и тие ќе бидат лидери и на овој турнир. Тибо Куртоа е главен на голот, а во средниот ред главните конци ќе ги влечат Алекс Вицел и Кевин де Бројне. Во нападот најмногу се очекува од Ромелу Лукаку.
Останува да видиме дали конечно Белгија може да направи изненадување и да стигне далеку на еден ваков светски собир.

Ако се погледнат имињата на фудбалерите кои се во нападот на репрезентацијата на Египет, тоа би бил еден од најсилните офанзивни редови. Со Мохамед Салах, Трезеге и Омар Мармуш, од Египет може да се очекува да има напаѓачка игра. Сепак, за да дојде до голот, топката прво треба успешно да биде помината од одбраната, во средниот ред до нападот.
Египет на претходните три настапи на СП нема ниедна победа, па ова може да биде историски Мундијал за африканската селекција.

Иран e најконтроверзната селекција која е дел од ова СП. Не е тоа поради некој спортски аспект, туку поради тоа што Иран е во воен конфликт со САД, токму каде што сега мора да игра. Искусниот Мехди Тареми со 105 настапи и 60 гола е лидер на иранската селекција. Дури 17-мина играчи кои ќе бидат дел од составот настапуваат во иранското првенство.
На претходните шест СП, Иран секогаш испаѓал во групната фаза. Во 18 меча досега има само три победи.

Нов Зеланд по третпат ќе биде дел од завршницата на СП. Досега, во шест меча Нов Зеланд има три ремија и три порази, што значи дека се чека првиот триумф. Крис Вуд од Нотингам форест е првата ѕвезда во тимот. Тој има одиграно 90 средби и има постигнати 45 погодоци.
Сега Нов Зеланд е во група во која сигурно ќе се обиде да стигне до првата победа, но и да се обиде да направи чудо и да ја помине групната фаза.

Според квотите во Sport Life, најголеми се шансите Белгија да е прва, а Египет втор, но и Иран има добри шанси да биде на второто место во групата.
Комплетната понуда во Sport Life за дуелите на СП може да ја видите ТУКА.


