Австриска доминација на стартот на „Четири скокалници“, победа на шампионот од 2015 година

Традиционалната турнеја Четири скокалници започна денеска во германскиот Оберсторф. Ова е 73-то издание на ова натпреварување, а доминираа натпреварувачите од Австрија кои беа на првите три позиции.

Триумфираше Штефан Крафт кој е и шампион од 2015 година. Тој прелета 138 метри во првата и 135,5 метри во втората серија и на крајот вкупно освои 335,1 поени. Второто место го освои неговиот сонародник Јан Херл со прелетани 134,5 метри и 135 метри, односно освоени 331,6 поени. Третата позиција е за Даниел Чофенинг кој освои вкупно 323,6 поени, а имаше скокови од 131 метри и 140,5 метри.

Трократниот освојувач на Четири скокалници, Јапонецот Рјоју Кобајаши беше далеку од шампионското ниво. Во првата серија заврши на 21 место со прескокнати 127 метри, додека во втората серија прескокна 133,5 метри.

Турнејата сега се сели во Гармиш-Партенкирхен и тоа на првиот ден од 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести