Австрискиот подобар од шпанскиот првак (видео)

Пријателската пресметка меѓу Салцбург и Атлетико Мадрид заврши со минимални 1-0 во корист на Црвените бикови. Ефектниот гол на Адејеми во 34-тата минута ги покори Јорганџиите на Диего Симеоне, кои засега не може да се пофалат со позитивни подготовки ако се знае дека претходниот меч против Нумансија го добија на пенали.

Брзиот контранапад на домаќините со гол го круниса младиот германски репрезентативец, а во второто полувреме беше поништен гол на синот на Симеоне, 18-годишниот Џулијано, поради играње со рака.

https://streamable.com/jd6q9r

- Оглас -

Најнови вести