Страшна повреда на Бразилецот, зглобот остана да му виси само на чорапот (Видео)

Грозни сцени го одбележаа прволигашкиот дуел меѓу екипите на Оланче и Мотаџ во првенството на Хондурас, откако бразилскиот фудбалер Ромарио Луис да Силва доживеа тешка повреда.

Крилниот бразилски напаѓач на гостинската екипа се обидуваше да сопре еден контранапад на Оланче, но по дуелот со еден ривал, незгодно згазна, падна на теренот и веднаш почна да се жали на големи болки. Сите фудбалери на теренот беа потресени од глетката, која беше застрашувачка. Некои фудбалери опишуваат дека зглобот на фудбалерот буквално се држел само на чорапот.

Лекарскиот тим веднаш реагираше, а повредениот 36-годишен фудбалер беше пренесен во болница. Искусниот офанзивец Ромарио во клубот пристигна само предчетири месеци и во 21 меч имаше биланс од три голс и две асистенции. Претходоно тој дури девет и пол години настапуваше во Гватемала.

- Оглас -

Најнови вести