Борба за Куп-титули во Белгија и Данска, Жирона нема друг избор освен да победи

1411 Жирона – Реал Сосиедад (20 ч.)

Реал Сосиедад го освои Купот на Шпанија и ќе игра во Европа, па едно вакво гостување кај Жирона не е некој посебен мотив за игра. Откако го освои трофејот во Купот, Сосиедад има два порази и две нерешени без победа.

За разлика од гостите, домашниот тим е во ситуација дека мора да победи. Жирона е на 18-тото место и е во зоната за испаѓање, но има 39 бода и ако денеска победи, може да стигне и до 15-тата позиција.

Предлог тип: 1&0-3 (3.05)

 

1412 Реал Мадрид – Овиедо (21:30 ч.)

Јасно е дека Реал Мадрид ќе биде втор на крајот од сезоната, но фановите на Кралскиот клуб сигурно бараат победа на „Сантијаго Бернабеу“ против Овиедо, кој е последен на табелата и веќе е испаднат во втората лига. На последните пет меѓусебни дуели Реал му има дадено 17 погодоци против Овиедо и така треба да биде и вечерва.

Реал има само две победи во последните шест кола, што секако е премалку за шпанскиот гигант, кој сепак ќе се обиде да ја заврши сезоната во победнички стил.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.15)

 

1671 Ројал Унион – Андерлехт (15 ч.)

Меч за трофеј, односно финале на Купот на Белгија. Ројал Унион се бори и за титулата во првенството, додека за Андерлехт ова е единствена шанса да се бори за освојување на пехар сезонава.

Овие два тима имаат одиграно 10 меча во последните малку повеќе од две години, а билансот е пет победи за Ројал Унион, два триумфи на Андерлхт, а три средби завршиле нерешено. Во седум од последните осум меѓусебни дуели немало повеќе од два гола, а ако се знае дека сега влогот е освојување на трофеј, може да се очекува и еден момент да биде решавачки.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.25)

 

3653 Локомотив Софија – Берое (19:15 ч.)

Дуел на две екипи кои се дел од групата која се бори за опстанок во бугарското првенство. Локомотив има 43 бода, додека Берое е со 10 бода помалку и е во опасност дека може да испадне. Берое со 27 дадени голови во 34 меча покажува дека има очајна реализација.

Локомотив Софија ги доби последните три меча против Берое во дуел со погодоци на двете страни. Вкупно шест победи и две нерешени има Локомотив во последните шест пресметки против Берое.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

2821 Копенхаген – Митјиланд (17 ч.)

Ова е финале на Купот во Данска во дуел на две екипи кои се во одлична форма. Копенхаген има шест победи и едно реми во последните седум меча, додека Митјиланд нема пораз на последните осум пресметки кои ги имаше (три победи и пет ремија).

Традицијата вели дека на седум од последните осум меѓусебни дуели имало погодици на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.13)

 

- Оглас -

Најнови вести