Австриците се заканија на Италија: Серијата мора да сопре

Италија е репрезентацијата која имаше најимпресивен настап во групната фаза од Европското првенство. Аѕурите утре ги очекува нов предизвик во кој немаат право на кикс. Во осминафиналето од ЕП ќе играат против Австрија, репрезентација која беше во група со Македонија.

Тимот на Роберто Манчини се претвори во машина која не знае за пораз. Италија има 30 натпревари без пораз, што е израмнување на најдолгата низа во историјата на националниот тим. Аѕурите имаат 11 победи по ред на кои немаат примено ниту еден гол. Низата од 1.055 минути без да им се затресе мрежата, не е рекордна затоа што во периодот од 1972 до 1974 година, Италија немала примено гол дури 1.143 минути.

Сите овие факти ја прават Италија да биде голем фаворит против Австрија, но селекторот на Австијците Франко Фода не се предава.

„Нивната низа е импресивна. Немаат загубено цела вечност. Сепак, порано или подоцна и тимот на Роберто Манчини ќе загуби“, вели Фода, чија селекција во групната фаза ги победи Македонија (3:1) и Украина (1:0), а загуби единствено од Холандија ().

 

- Оглас -

Најнови вести