Автобус со бразилски навивачи излета од патот, 46 лица се повредени (Видео)

Бразилскиот Фламенго во среда гостува во Аргентина, на екипата на Расинг во полуфиналето од јужноамериканската Копа Либертадорес, а навивачите на овој клуб кои веќе се упатија во соседството доживеаја сообраќајна несреќа.

Автобусот со навивачите под непознати околност изгубил контрола и се превртел на автопатот, при што 46-мина навивачи се повредени. Кај 32-ца од нив се работи за полесни повреди и тие се пуштени на домашно лекување, но останатите 14-мина се задржани на болничко лекување.

Десетмина се во релативно стабилна состојба, додека четворица се со тешки повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести