Автогол од 60 метри го одлучи победникот на прволигашки меч (Видео)

Екипата на Малдонадо синоќа победи со 2-1 на гостувањето кај Плаза Колонија во 9. коло на популарната Апертура во Уругвај. Победничкиот гол падна во 86-та минута, и тоа кога домашните си дадоа ретко виден автогол, со шут од околу 60 метри.

Голманот Иван Картес беше во шок откако не успеа да ја стигне лошо вратената топка која од противничката половина му ја врати Игнасио Гонзалес. Со победата, Малдонадо го напушти опасниот дел од табелата кој води во понизок ранг.

Погледнете зошто кога му се враќа топка на голман, топката не треба да оди во рамките на голот:

https://www.youtube.com/watch?v=756cFQaDXvw

- Оглас -

Најнови вести