Аз Алкмар го шокираше Лацио на „Олимпико“ (Видео)

Во првиот меч од осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА, Лацио на свој терен го пречека Аз Алкмар. Италијанскиот тим ја имаше фаворитската улога пред мечот, но на теренот ситуацијата на крајот беше поинаква.

Дуелот започна добро за Лацио и домаќините се израдуваа на погодок по само 18 минути, кога погоди Педро. Делуваше дека Небесносините ја имаат контролата на играта и резултатот, но во последната минута од првиот дел, се случи првиот шок за домашните фанови.

Павлидис погоди за 1:1 на полувреме и тоа како да беше најава за комплетниот пресврт што се случи во второто полувреме. Се играше 62 минута кога Керкез погоди за 2:1 за Ал Алкмар. Голот за победа на гостите од Холандија може да го видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести