АЗ и Утрехт ги искинаа мрежите и дадоа десет гола, но немаше победник (Видео)

Фудбалерите на АЗ Алкмар и Утрехт одиграа неверојатен натпревар во 19-то коло од Ередивизијата, постигнувајќи дури десет гола. На крајот средбата заврши без победник (5:5), а навивачите уживаа во вистински спектакл.

Анастасиос Дувикас даде два гола за Утрехт во првите 16 минути, но АЗ одговори преку неговиот сонародник Вангелис Павлидис, кој исто така даде два гола, а потоа му асистираше на Декер да направи пресврт од 3:2 во 34-та минута.

Но, тоа не беше сè во првото полувреме бидејќи Виргревер во 41-та минута го израмни резултатот.
Во вториот дел, Дувикас го постигна својот трет гол за 3:4 за Утрехт, по што следеа два гола на домаќините. Прво Де Вит израмни на 4:4, а потоа Павидис дојде до хет-трик. Конечниот резултат го постави Сандер ван де Стрек во 81-та минута.

 

- Оглас -

Најнови вести