Азар, Луиз и Ковачиќ останаа во Лондон, Сари со „резерви“ против ПАОК

Челзи во Солун допатува без главните ѕвезди, Еден Азар, Давид Луиз и Матео Ковачиќ, кои мечот против ПАОК ќе го проследат во Лондон, пред своите ТВ екрани. Менаџерот Маурисио Сари одлучи да ги одмори своите адути за првиот натпревар од Лигата на Европа, што нагласува дека утрешната средба не му е во преден план на италијанскиот стратег.

На „сините“ им следуваат уште две гостувања по ова во Солун. Во рамките од шестото коло во Премиер лигата против Вест хем, меч кој е закажан за сабота, а веќе во среда гостуваат на „Енфилд“ против Ливерпул, во дерби-пресметката од третото коло во Карабао купот.

Што се однесува за почетниот состав за натпреварот против ПАОК, Сари најверојатно ќе ротира во одбраната и средината, па ќе им даде шанса на Кејхил и Кристенсен, односно повратникот Фабрегас и младиот Лофтус-Чик, а нема да биде изненадување да стартува и Виктор Мозес на десната крилна позиција.

- Оглас -

Најнови вести