Закариќ и уште тројца играчи ги продолжија договорите со Вардар

Во пресрет на последното коло, новиот фудбалски првак Вардар објави дека ги продолжил договорите со четворица играчи.

Горан Закариќ, кој беше еден од најдобрите играчи на Црвено-црните, ја продолжи верноста со најтрофејниот.

Покрај Закариќ, нови договори за уште една сезона потпишаа и голманот Велковски, искусниот стопер Мишковски, како и играчот за врска Филип Дурански.

- Оглас -

Најнови вести