Азар откри: Уште пред неколку недели во Челзи соопштив кој е мојот план

Еден Азар, најдобриот играч на Челзи,  откри дека веќе уште пред неколку недели има донесено одлука за тоа што ќе прави во следната сезона. Азар вели дека таа одлука е соопштена и до челниците на англискиот клуб, но дека сега се чека да се види како ќе се одвива целата ситуација.

„Имам одлучено за мојата иднина. Сепак, чекам да видам како ќе се одвива ситуацијата. Во клубот уште пред неколку недели соопштив што мислам, но на крајот не зависи само од мене“, рече Азар.

Челзи на третото место ја заврши сезоната во Премиер лигата и обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. На лондонскиот тим сега му останува само уште мечот во финалето од Лигата на Европа против Арсенал. Средбата е закажана за 29-ти мај во Баку.

Тоа може да биде и последен дуел на Азар во дресот на Челзи, ако се знае дека Реал Мадрид со нетрпение го очекува да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести