Азар се повреди, ќе почека еден месец за дебито во шпанската лига!

Еден Азар има повреда на мускул на левата нога и нема да настапи на утрешното гостување на „Балаидос“ кај Селта. Крилото на Реал Мадрид околу еден месец ќе мора да почека за официјално деби во дресот на „кралскиот клуб“.

Инаку, Азар ужива во луксузот по преселбата во редовите на Реал Мадрид. Белгиецот полека се прилагодува на животот во шпанската метропола, а по два месеца потрага, конечно најде дом за него и за семејството.

Мултимилионскиот трансфер му обезбеди богатство, а Азар реши да потроши 11 милиони евра на луксузна куќа. Новиот дом на ѕвездата на Реал се наоѓа во предградието Ла Финка, каде што живеат уште неколку играчи на Кралскиот клуб. Медиумите од Шпанија велат дека Азар ја купил палатата од познат шпански артист, Алехандро Санц.

- Оглас -

Најнови вести