Азаренка со пресврт над Серена закажа финале во САД против Осака (видео)

Викторија Азаренка со голем пресврт против Серена Вилијамс славеше со 2-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-3) за пласман во финалето на ОП на САД по седум години пауза. Белорусинката воедно ја оствари првата победа против Серена на американскиот гренслем, односно прва по четири години пауза на сите подлоги.

Се чинеше дека Вилијамс ќе се најде во финалето, каде што веќе чекаше Наоми Осака, откако првиот сет го доби по седум гема и три брејка. Сепак, Азаренка приреди пријатно изненадување во вториот сет и возврати со два украдени сервиси за израмнување на 1-1. По водство од 2-0 во гемови и третиот брејк, Азаренка успеа да ја задржи до крај предноста и при првата меч-топка да запише голема победа над домаќинката.

Осака претходно исто така мораше по три сета да обезбеди пласман во големото финале. Јапонката се намачи против Џенифер Брејди, па уште во првиот сет се играше тајбрејк, кој Осака го доби со 7-1. Брејди израмни со 6-3 во вториот сет, а само еден брејк ѝ беше потребен на Осака во третиот сет за да ја оствари посакуваната победа.

- Оглас -

Најнови вести