По повеќе од една деценија лојалност во тимот на Реал Мадрид, Дани Карвахал летово е слободен играч и си заминува од „Сантијаго Бернабеу“. Искусниот 34-годишен бек сега е во потрага по нов предизвик, а според најавите, многу веројатно е дека тој ќе остане во европскиот фудбалски крем.
Шпанските медиуми најавуваат дека Карвахал е пред потпис на договор со италијанскиот првак Интер. Карвахал верува дека уште е во одлична форма и дека може да игра на највисоко ниво, па затоа прва опција му е да потпише со Нераѕурите.
He is 25 years old in the Serie A age rankings. https://t.co/X2fy2yi4lx
— Chris 😎 (@_chrismane_) June 3, 2026
Ако се знае дека Карвахал е слободен играч и дека Интер нема да треба да потроши ниту едно евро за да го доведе восвоите редови, се поверојатно станува опцијата во новата сезона шпанскиот фудбалер да го облече Сино-црниот дрес и повторно да игра во Лига на шампиони.

