Како по традиција, пред почеток на едно големо фудбалско натпреварување се прави хипотетички состав на играчи кои би биле на големо натпреварување доколку постоеше поранешна Југославија. Англискиот портал GiveMeSport направи состав од 26-мина фудбалери од земјите од некогашна Југославија кои, според нив, би оделе на Светското првенство во Канада, САД и Мексико.
Интересно е дека од Македонија на овој список има место само за двајца фудбалери и тоа се голманот Столе Димитриевски, кој брани во Валенсија, и Елиф Елмас, кој изминатава сезона играше за Наполи, а е во сопственост на Лајпциг. Сите останати македонски фудбалери ги нема во опцијата да бидат дел од имагинарниот список на селекцијата на некогашна Југославија.

Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство, според GiveMeSport:
Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија).
Одбранбени играчи: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингам форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика).
Играчи од средниот ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал-Хилал), Немања Гудељ, Сајаер (Хрватска, Аталанта), Фулам), Елиф Елмас (Македонија, РБ Лајпциг)
Напаѓачи: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенхајм), Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).

