Бабел во стилот на Ибрахимовиќ (видео)

Рајан Бабел летово се врати во Турција и го облече дресот на шампионот Галатасарај, а уште на подготовките најавува дека ќе биде големо засилување за тимот кој го предводи Фатих Терим.

Галата вчера се сретна со француски Бордо во Инсбрук, Австрија, каде што славеше со 3-1 во пријателскиот натпревар. Токму Бабел ја најави победата со фантастичниот погодок со петта, акробатски но и претпознатлив потег на Златан Ибрахимовиќ.

Клубот од Истанбул е трет турски тим во кариерата на Холанѓанецот, претходно успешно ги бранеше боите на Бешикташ, а две години го носеше дресот на Касимпаша.

 

- Оглас -

Најнови вести