Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски, постигна гол на првиот официјален натпревар во 2023 година за Дебрецен.
Неговиот тим во првото коло од пролетниот дел од сезоната во унгарскиот шампионат, со 3:0 славеше над Залаегерсег, а Бабунски го постигна третиот гол за својот тим, во 53-та минута со што ја завери победата на Дебрецен.
Резултатот го отвори Жежи во третата минута, а на 2:0. зголеми Балаш Џуџак во 35-та од пенал.
Ова беше петти гол на Бабунски сезонава и е втор стрелец во Дебрецен, зад Балаж Џуџак кој има постигнато еден гол повеќе.
Со триумфот, Дебрецен го прескокна Залаегерсег на табелата и сега е петти со 23 освоени бодови.