Бабунски зелениот дрес ќе го смени со црвен, Червените за него нудат 100.000 евра

Дориан Бабунски би можел да тргне по стапките на неговиот татко Бобан, кој од 1992 до 1994 година играше за ЦСКА Софија.

Македонскиот репрезентативен напаѓач сезонава како играч на Ботев Враца има постигнато 8 голови во бугарската лига, па скаутите на ЦСКА 1948 го ставија на врвот на списокот на посакувани засилувања. Во бугарската прва лига има два тима кои се викаат ЦСКА Софија, со тоа што оваа ЦСКА 1948, е послаба од „оригиналната“ ЦСКА Софија.

ЦСКА 1948 на Ботев би му платиле отштета од 100.000 евра, за Бабунски да го донесат уште во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести