Баер и Штутгарт продолжуваат да газат, Унион Берлин не е ниту бледа сенка од минатата сезона (Видео)

Петте натпревари од Бундесл игата кои се одиграа попладнево завршија со по најмалку три голови, а единствено екипата на Унион Берлин не успеа да ја затресе противничката мрежа.

Водечките екипи на табелата, Баер Леверкузен и Штутгарт, забележаа нови победи и му поставија нов предизвик на Баерн Минхен, кој ќе мора да победи за да остане во рамноправна трка за врвот во Бундес лигата.

Баер Леверкузен ја задржа лидерската победа со тесно, но значајна победа од 1-2 на гостувањето кај Волфсбург. Фримпонг и Грималдо стрелаа за “фармацевтите“, додека единствениот погодок за Волфсбург беше дело на Лакро.

Далеку поубедлив беше второпласираниот Штутгарт, кој со 0-3 го совлада минатогодишното изненадување Унион Берлин на гостински терен. Гираси, Силас и Ундав беа творците на победата за гостинската екипа.

Резултати:

Дармштад – Лајпциг 1-3
Фрајбург – Бохум 2-1
Хофенхајм – Ајнтрахт Ф. 1-3
Унион Берлин – Штутгарт 0-3
Волфсбург – Баер Л. 1-2

- Оглас -

Најнови вести