Баер Леверкузен гази и во Европа, 7+ драма во Марсеј, потоп на Фенербахче…

Една од екипите во Европа кои се во најдобра форма, Баер Леверкузен, и понатаму е со перфектен биланс сезонава во Лигата на Европа, ја извојува и петтата победа во петтото коло од својата група.

Вечерва Фармацевтите, кои се лидери и на Бундеслигата, на гости рутински го победија шведскиот Хакен со 2-0.

Ливерпул по киксот во минатото коло, им се врати на победите, настрада австрискиот ЛАСК со 4-0. Драми имаше во Марсеј, каде што домашните го победија Ајакс со 4-3, со гол за победа од пенал на Обамејанг во 93-тата минута, и во Молдавија, каде што Славија Орага со гол од пенал во 95-тата минута победи со 3-2 против Шериф.

Во Конференциската лига, фаворитите како Астон вила и Фиорентина победија со по 2-1, ПАОК изненадувачки славеше во Франкфурт кај Ајнтрахт со 2-1, а со тој резултат со гол во финишот победи и Лудогорец кај Спартак Трнава.

Нордсјиланд со 6-1 го растури Фенербахче, додека болен пораз претрпе Чукарички, кој водеше на полувреме, а прими гол за пораз во 98-мата минута против Ференцварош.

 

- Оглас -

Најнови вести